Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Се обезбеди за цел живот: Колку ќе искешира Јелена Карлеуша доколку се...

Се обезбеди за цел живот: Колку ќе искешира Јелена Карлеуша доколку се разведе од Душко?

реклама:G Natural

Откако за време на божиќната вечера се случи скандалот во домот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ и пријавата во полиција за напад врз пејачката од страна на фудбалерот, не престануваат шпекулациите за евентуален развод.

Парот една криза надмина пред неколку години кога пејачката имаше афера со босански фудбалер кое што неверство и беше простено.

Дали ќе ја надминат и оваа криза останува времето да покаже но доколку сепак се реши Јелена да побара развод тоа богами ќе ги задоволи нејзините апетити и финансии за цел живот.

Душко прво играше за репрезентацијата на Србија, за потоа да помине во Црвена Звезда, а потоа и во турскиот клуб Генчлербирлиги. Покрај останатите клубови, Душко најголемиот успех, како и заработка ги оствари во турскиот клуб Бешикташ, во кој играше од 2015 до 2018.

Според медиумите, за овие три сезони во познатиот клуб Тошиќ заработувал 1.250.000 евра годишно, што е зголемување во однос на дотогашната заработка од 900.000, а имал и бонуси од 4.000 евра за секој одигран меч.

После големиот успех во овој клуб, Душко премина во кинескиот Гуангџоу, каде бил уште по платен. Имено заработувал 5.800.000 евра по сезона, со што стана најплатен српски фудбалер.

Ако се собере се, Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил околу 18 милиони 750 илјади евра. По таа претпоставка на Јелена би требало да и припадне половина од таа сума, што изнесува околу 9 милиони евра.

Освен парите во игра за делба се и недвижнините и автомобилите, а Душко би требало да плаќа и алиментација за ќерките, доколку децата и припаднат Јелена.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------