Дарко Лазиќ доживеал тешка сообраќајна несреќа и во моментов лекарите се борат за неговиот живот.
Веста дека пејачот се бори за живот и дека се наоѓа на апарати за дишење и е во вештачка кома го потресе цел регион.
Директорот на Гранд – Саша Поповиќ изјавил дека оваа вест навистина го вознемирила, но дека со целото срце е со Дарко и неговето семејство.
„Навистина ме вознемири и потресе веста за несреќата на Дарко. Во овој момент е најважно тој да биде добро, верувам во стручноста на нашите доктори и дека Дарко од ова ќе излезе како победник. Со целото срце сум со него и неговото семејство“- рекол Саша Поповиќ.
Лазиќ во моментот на нереќата бил само во автомобилот и излетал од патот од сега за сега непознати причини. За извлекување од смачканото возило интервенирала пожарната.