Познатата радио водителка и мајка на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша почина на 3 ти март по долгата борба со тешка болест.
Веста го потресе целиот регион, а нејзината ќерка Јелена е неутешна откако дозна за смртта на мајка си.
Наскоро треба да се отвори тестаментот на покојната.
“Дивна нема многу имот на свое име, но познато е дека има куќа во која живееше во текот на својот живот. Сеуште не е дефинитивно кој ќе ја наследи куќата, но додека беше жива постојано велеше дека сака нејзините внуки Ника и Атина Тошиќ да бидат нејзини наследнички. Сметаше дека Јелена и Душко се доволно обезбедени, па нив не им треба ништо во материјална смисла.”- изјавил за Свет Плус извор близок на семејството на Карлеуша.