Во петкот,во Сава центарот во Белград, Марија Шерифовиќ го одржа првиот од четирите најавени концерти.
Замислата на концертите е поп ѕвездата да ги отпее песните кои ги сака, како странски така и домашни.
Една од омилените песни на Марија била и “Жал” од покојниот Шабан Шаулиќ.
Пуштила глас, обидувајќи се да ја отпее песната најдобро што може, а во еден момент се свртела кон сликата на покојниот пејач, ја спуштила главата и длабоко воздивнала.
Во салата завладеала тага а присутните не ги криеле своите солзи.
“Мислев дека ќе бидеш во прв ред и ќе ме гледа” – кажала Марија
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------