На 21 јули во кината ќе се појави филмот „Барби„.
Маргот Роби и Рајан Гослинг ги глумат Барби и Кен а објавен е и трејлер за филмот.
Во споредни улоги се Сима Лиу, Вил Ферел, Нкути Гатва, Мајкл Сера, Иса Рае, Реа Перлман и Кејт Мекинон, од кои некои играат алтернативни верзии на Барби и Кен. На пример, Дуа Липа ја игра сирената Барби.
Меѓутоа, она што на гледачите им оставило посебен впечаток е изгледот и ликот на Кен, кој го игра Рајан Гослинг.
Изгледа дека многумина не се воодушевени, па своите критики ги изразуваат на социјалните мрежи. Многумина сметаат дека актерот е за оваа улога, други дека русата коса никако не му одговара.
Исто така, многумина се согласиле дека Гослинг премногу ги потсетува на американската водителка Елен Деџенерис.
Barbie fans ROAST Ryan Gosling, 42, in new film trailer as they compare actor to Ellen Degeneres https://t.co/gmWE1Ep3gF
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) April 5, 2023