Home INFO Се роди Лејла: “Величенствениот” стана татко по трет пат

Се роди Лејла: “Величенствениот” стана татко по трет пат

реклама:G Natural

Турската актерка Берѓузар Корел, позната по улогата на Шехерезад во серијата „1001 ноќ“, утрово на свет донесе девојче.

Актерката и нејзиниот партнер Халит Ергенч, кој на македонската јавност и е познат по улогата на Сулејман Величествениот, се во брак од 2009 година, а покрај новородената Лејла, ги имаат и синовите Али и Хан.

Интересно е тоа што актерката го смислила името за својата ќерка додека била бремена со второто дете, но потоа се испоставило дека ќе роди момче.

РЕКЛАМИ: Hotel Premier Bansko ----------------------------------------------------