Home INFO Семејството и прави хаос: Шокантни тврдења од сестрата на Меган Маркл

Семејството и прави хаос: Шокантни тврдења од сестрата на Меган Маркл

реклама:4U PHARMA

Уште на почетокот од врската со принцот Хари, семејството бившата актерка Меган Маркл на најразлични начини ја срамотеше во јавноста.

Нејзиниот татко беше актуелен во медиумите со неговите шокантни тврдења поврзани со приватниот живот на Меган, а сега се чини дека нејзината полусестра Саманта Маркл ќе го надмине таткото.

Саманта последниве години упати бројни обвинувања на сметка на својата позната сестра, Меган Маркл, а поради твитовите со кои наводно шири дезинформации, и беше забрането да ја користи таа социјална мрежа, пренесуваат странските медиуми.

Имено, на профилот за кој се тврди дека го користи Саманта се појавиле твитови кои сугерираат дека Меган ја лажирала својата бременост и користела сурогат, а Хари не е биолошки татко на двете деца Арчи и Лилибет.

„Мислам дека треба да биде задолжително да се дадат докази дека се родило дете од утробата на сестра ми и дека Арчи не треба да има титула бидејќи мислам дека во приказната е вмешана сурогат мајка“, напишала Саманта. „Нема ДНК докази дека Арчи е син на Хари и нема докази дека тој и Лили дошле од утробата на Меган“, наводно напишала Саманта.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------