Очигледно разделбата со синот навистина многу и влијае во животот па пејачката Северина во последно време е слаба со нервите и постојано предизвикува скандали и расправии.
Во моментов е во Загреб по расправијата со семејството Коиќ која што се случила пред некој ден заради банално реновирање на дворот и базенот.
Имено покрај листата на желбите кои Северина сакала да и се исполнат таа побарала од својот сопруг да ги реновираат базенот и дворот, на што Игор и рекол дека сега не е баш паметно да трошат пари со оглед на тоа дека Кеба нема настапи а живеат од неговата заштедевина.
Пејачката по ова изреволтирана го напуштила домот во полициски час, платила казна и се вратила во Хрватска.
Дали оваа расправија ја прелило чашата и ќе стави крај на нивниот брак или ќе се смират засега не се знае, но веќе се шпекулира за развод со оглед на тоа дека Северина сеуште не искомуницирала со Игор.