Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Северина се суди со две наставнички, им се заканувала дека ќе ги...

Северина се суди со две наставнички, им се заканувала дека ќе ги задави

реклама:Лето во Банско

Судењето на Северина Вучковиќ за наметливо однесување кон поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и младинци во Град Загреб, Гордана Буљан Фландер, и директорката на основното училиште, каде наставата посетувала нејзиниот син Љиљана Клингор, започна во Општинскиот суд во Загреб.

На рочиштето, Северина се обидела да го оправда своето однесување, тврдејќи дека го малтретирале нејзиното дете и се мешале во нејзиниот живот.

Инаку ја теретат за непристојно однесување поради праќање заканувачки СМС пораки до две инволвирани жени.

Таа истакна дека двете жени треба да бидат предмет на истрага затоа што правеле незаконски дејствија од позиција на власт, и дека се чувствува невиновна.

Северина на судот пристигна во придружба на нејзината пријателка Зинка Бардиќ.

Во 2021 година беа објавени пораките што Северина и ги праќала на Љиљана Клингер, директорката на училиштето во кое учи нејзиниот син Александар, во кои таа ја нарекува „стара кривонога баба“ и ѝ вели дека би ја „задавила со раце“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------