Home INFO Севрина има сериозен проблем: По скандалот ќе го изгуби синот?!

Севрина има сериозен проблем: По скандалот ќе го изгуби синот?!

реклама:Велигден со Стаф

Северина Којиќ се соочува со огромен проблем. Поради најновиот скандал со голите фотографии, пејачката може да го изгуби старателството над шестгодипниот син Александар, сметаат угледни правници од соседството.

Северина и нејзиниот бивш партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ со години водат жестока борба на суд за старателство над нивниот син.
Објавувањето на голите фотографии на пејачката би можеле да одат во корист на Милан и во судски процес да и се одземе старателството.

Правникот Небојша Перовиќ за српски Информер објаснува зошто сега Милан има поголеми шанси да го добие старателството врз својот син.

– За да ја зголемат својата популарност, многу пејачки превземаат промискуитетни активности. Сигурно е дека едно малолетно дете ќе има понормално детство и ќе се развие во нормална личност доколку расте покрај татко кој е деловен човек. Главна улога во овој случај ќе има центарот за социјална работа кој ќе треба да процени дали е погодно детето да живее и расте покрај мајка која ги покажува своите разголени фотографии – објаснува правникот и додава дека голите фотографии не се единствена причина која би можела да придн=онесе за добивање на старателството на таткото.

– Доколку мајката е промискуитетна, не е корисно за детето да расте покрај неа. Имајки во предвид со што се занимава госпоѓата Којиќ, очигледно е дека поради честите патувања отсуствува од дома и не може во доволна мера да му посвети внимание и да се грижи за своето дете – заклучува адвокатот.

Спротивно на Перовиќ, неговиот колега, адвокатот Боривоје Пајевиќ смета дека фотографиите не можат многу да и наштетат на Северина.

– Не е корисно постојано да се појавуваат голи фотографии од мајка на малолетно дете. Но олеснителна околност е што ова веќе не е толку конзервативна средина. Па многу мајки денес на плажа се сончаат топлес! Скандалот може да и наштети на Северина на суд, но и не мора!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------