Home INFO „СЕЗНАЈКОВЦИ“ нов едукативно-забавен видео проект за најмладите (ВИДЕО)

„СЕЗНАЈКОВЦИ“ нов едукативно-забавен видео проект за најмладите (ВИДЕО)

реклама:Велигден со Стаф

Поттикнати од успехот на првиот детски проект „МИНИ ВЕСТИ“ и желбата да направат што повеќе содржини за деца, во продукцијата ХИТ МЕДИА решија да направат уште нешто едукативно и забавно издание на детски содржини кои што ќе бидат интересни за новите генерации „СЕЗНАЈКОВЦИ“.

Бидејки на нашите телевизии има се помалку простор за најмладите, скоро и да нема детски содржини на македонски јазик на интернет, а времето кое што децата го минуваат на интернет е големо, решија да изработат едукативни куси интернет прилози кои што се динамични, забавни и најважно едукативни за децата на возраст од 4 до 8 години.

Овие прилози траат секој од нив не повеќе од 3 до 4 минути и се занимаваат со секојдневни прашања и одговори за најразлични професии, каде што дечињата на динамичен и интересен начин ќе дознаат од прва рака како работи и како се станува: пожарникар, пилот, тркач, машиновозач, полицаец, балерина…

Во првата серија се веќе објавени пет прилози кои што се групирани во плеј листа и може да се погледнат на Јутјуб каналот „мини МЕДИА“, а веќе следната недела следува уште една група на нови професии и прашања од најмалите – велат во ХИТ МЕДИА.

Во продолжение ви ги презентираме првите прилози на „СЕЗНАЈКОВЦИ“, подготвени за вашите најмили!!!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------