Home INFO Сезоната на слави започна: Еве како најлесно да направите вкусни бомбици

Сезоната на слави започна: Еве како најлесно да направите вкусни бомбици

реклама:Велигден со Стаф

Состојки:
500 гр. мелени бисквити
2 лажици какао
4 лажици шеќер во прав
150 гр. мелени ореви, лешници или бадеми
200 гр. маргарин

Подготовка:
На тивок оган растопете го маргаринот и оставете го да се олади (потребно е да биде млак).

Бисквитите, шекерот, какото и мелените јатки измешајте ги во сад.

Додадете го млакиот растопен маргарин и убаво промешајте. Доколку смесата не ви изгледа хомогена, додадете малку млеко.

Од смесата формирајте топчиња и оставете ги кратко во фрижидер да се стегнат.

По желба, топчињата прелијте ги со растопено чоколадо, мелени ореви, кокос и сл.

Бомбиците повторно вратете ги во фрижидер

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------