Home INFO Шокантни детали од истрагата: Младата Кика и предходно се обидела да се...

Шокантни детали од истрагата: Младата Кика и предходно се обидела да се самоубие, ова веројатно е причината!

реклама:4U PHARMA

Целиот регион го потресе веста за трагичната смрт на Кристина Ѓукиќ – Кика, млада српска јутјуберка која изврши самоубиство.

И додека интернет заедницата го нападна јутјуберот Бака Прасе, кој беше во интернет војна со покојната Кика, српски Телеграф открива нови детали од истрагата за смртта на девојката.

Според Телеграф, Кика наводно и предходно се обидела да си го одземе животот, и тоа по раскинувањето со својот дечко.

– Пред немилиот настан, Кика имаше обид да скокне од мост и да си го одземе животот, но беше навреме спречена од пријатели. Веднаш потоа кратко беше сместена во психијатарска установа каде остана кратко. По ова, пријателите редовно ја проверуваа бидејки се плашеа да не повтори нешто слично, иако им ветувала дека е добро и никогаш повеќе нема да крене рака на себе. – изјавил за Телеграф извор добро упатен извор, кој додал дека по раскинувањето на љубовната врска, девојката се повлекла во себе, и доста се променила.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------