Home INFO Што открила легендарната Витни Хјустон во своето последно интервју?

Што открила легендарната Витни Хјустон во своето последно интервју?

реклама:

Легендарната Витни Хјустон во своето последно интерју тврдела дека престанала со користење на крек и кокаин.

Поп иконата, која трагично почина на 11.02.2012 година, тогаш ги уверувала новинарите дека зимањето на дрога е нејзино минато.

– Имав успеси, падови и здравствени проблеми. Но, не се грижете, ќе има уште настапи затоа што сега се чувствувам подобро, им порачала на новинарите по концертот во Хамбург.

Освен приказните за своите пороци, пејачката во последниот разговор со новинарите започнала и други теми од нејзиниот приватен живот.

Изјавила дека Кевин Костнер е нејзиниот најдобар пријател и ангел чувар, како и дека соработката со него во филмот „Телохранител“ и е најдраг спомен во нејзиниот живот. Музичката ѕвезда додала и дека е свесна за фактот декаГоспод и подарил многу добри работи.

Девет месеци по интервјуто, пред една година, Витни беше пронајдена мртва во кадата во нејзината хотелска соба. Една од најголемите поп пејачки почина од случајно давење.

Нејзиниот организам поради долгогодишното конзумирање на наркотици бил пополно исцрпен. Со обдукција било утврдено дека починала од марихуана, кокаин и средства за смирување.

Беше една од најтиражните пејачки продавајќи преку 170 милиони албуми и синглови ширум светот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------