Во медиумите скоро и да не може да пројде ден без вест поврзана со Јелена Карлеуша.
Пејачката како да е магнет за скандали.
Мега популарната Јелена неодамна без пардон ја навреди Анастасија Ражњатовиќ.
Првично Карлеуша индиректно распали српскиот бизнисмен, кралот на нафтата Драгослав Илиќ-Гаги кој живее во Венецуела.
Бизнисменот во 2006 година направил и ВИП-свадба на која му пеела Цеца Ражнатовиќ.
Гаги во родната Србија дошол деновиве, за да гламурозно го прослави роденденот на кој му пееше и ќерката на Цеца и тоа неговата најомилена песна “Кукавица“ хитот од Цеца, кога една гостинка на музиката i залепи банкнота од 500 евра, додека на хармониката се оставаа бројни банкноти од 50 евра.
Медиумите пишуваа за раскошната забава и за настапот на Анастасија, па очигледно ова ја разбеснило Карлеуша и побрза да искоментира.
Во муабетот се замешал и пејачот Аца Лукас кој застанала во одбраната на ќерката на Цеца. Карлеуша тука “се откачи без влакна“ на јазикот, па му се обрати најпрво на Лукас, а потоа сочно ја навредила и Анастасија нарекувајки ја со погрдни зборови.
На навредите упатени кон неговата сестра не остана имун Вељко Ражњатовќ, кој на својот Фејсбук профил упати дрска порака која очигледно е наменета за Карлеуша: