Home INFO Синот на Вики Миљковиќ со нож нападнат од странци!

Синот на Вики Миљковиќ со нож нападнат од странци!

реклама:Лето во Банско

Додека познатата српска пејачка била на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, од сопругот дознала страшна вест, нејзиниот петнаесет годишен син Андреј бил нападнат од тројца мигранти.

Според изјавата на Вики за српските медиуми, момчето се враќало од тренинг кога му пришле мигрантите и на англиски јазик му побарале пари.

Кога момчето одбило да им даде пари, тие извадиле нож по што тој почнал да трча кон зградите на ‘Белград на вода’.
Успеал да им избега и да влезе во една од зградите, каде раскажал што се случило, па обезбедувањето ги избркало мигрантите.

„Не можев да поверувам дека ќе се случи такво нешто. Ташке ми се јави и ми кажа што се случило и искрено бев шокирана! Среќа што Андреј е активен спортист, па успеал да им побегне. Замислете вакво нешто да му се случи на некој кој не е физички подготвен“, изјавила Вики.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------