Home INFO Сите луѓе во овој град живеат во една зграда: Штом се стемни,...

Сите луѓе во овој град живеат во една зграда: Штом се стемни, се се менува (видео)

реклама:G Natural

Градот Витиер на Аљаска е мал град со околу 200 жители кои, скоро сите, живеат во иста зграда.

Се работи за една мала заедница, каде сите соседи практично се дел од семејство.

Сите жители живеат во зградата Behih, која е изградена далечната 1956 година. На почетокот служела за сместување на војници, но денеска ова е регуларна стамбена зграда со поштенски број, полициска станица, црква, игралиште, продавници и амбуланта.

Ерика Томпсон е учителка во тамошното основно училиште. На неа и требаат само 5 минути за да стигне на работа, а тоа време не зависи од гужвата во сообраќајот, туку од лифтот кој ја пренесува од станот до училницата.

– Целиот мој живот е во една зграда, но тоа не го намалува неговиот квалитет, објаснила учителката.

Доколку сакате да го посетите овој град, тоа е можно само ако поминете низ тунел долг четири километри, чии врати се отвараат на секои половина час. Меѓутоа, навечер се се менува.

Имено, кога ќе падне мрак, не можете ниту да влезете, ниту да излезете од градот, затоа што вратите од тунелот се затворени.

Погледнете го видеото:

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------