Нов скандал предизвика контроверзната Јелена Карлеуша по објавувањето на листата на фудбалерите кои ќе се дел од српската фудбалска репрезентација, а на која не се нашол нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.
Пејачката жестоко го навреди селекторот но и фудбалерите за кои неведе дека не “му се ни до колена” на нејзиниот Душко.
Дали е во ред по втор пат во составот на репрезентација да не се повика најдобриот и најплатен српски дефанзивец? Колку и да ми се лути Душко, нема да молчам. Срамота. Ниту еден не му е до колена. Толку, поздрав! -напиша Јелена на Твитер.
Од фудбалскиот совет на Србија не сакале да го коментираат твитот на Карлеуша.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------