Home INFO Скандал во Хрватска, на кого му пречи Лепа Брена?

Скандал во Хрватска, на кого му пречи Лепа Брена?

реклама:Велигден со Стаф

Пред преполни сали, Лепа Брена одржа концерти во Загреб, а од снимките се гледа публиката уживала во изведбата на српската пејачка.

Најмногу внимание предизвика изведувањето на легендарната песна Југословенка, која Брена ја отпеала заедно со публиката.

Но, “Југословенка” не им се допаднала на сите, пренесуваат хрватски медиуми.

Имено, четворица пензионирани хрватски воени генерали реагирале со соопштение насловено „Национален срам во хрватската престолнина“.

Тие бараат државните власти да преземат мерки и да утврдат за секоја јавна личност, без разлика дали станува збор за српски пејач или за врвни српски функционери, дали учествувале и во некаква форма на агресија, како што велат, против Хрватска.

Според нив, на концертот се виореле југословенски знамиња со ѕвезда петокрака.

„Кој е одговорен за оваа бламажа среде хрватската престолнина? Кој си игра со нашето национално достоинство? Кој ја изложува на потсмев нашата тешко освоена држава?“, се вели во изјавата на пензионираните воени генерали.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------