Home INFO Скапо ќе ја плати грешката: Кевин Спејси должи милиони

Скапо ќе ја плати грешката: Кевин Спејси должи милиони

реклама:G Natural

Актерот Кевин Спејси, односно неговте продуцентски компании должат неверојатни 31 милиони долари, објави Њујорк тајмс.

Долгот треба да се исплати кон студиото „Ем-Ар-Си“, кое го правеше серијалот на Нетфликс, „Куќа од карти“ каде Спејси беше продуцент но ја имаше и главната улога.

Со снимањето на шестата и последна сезона во 2017 година, актерот Ентони Рап го обвини Спејси дека во 1986 година, кога имал 14 години, се обидел сексуално да го злоупотреби.

„Ем-Ар-Си“ и Нетфликс започнаа истрага и го прекинаа снимањето на серијалот.

Тие му дадоа отказ на актерот од шоуто. На судењето, компаниите се пожалиле дека поради однесувањето на Спесји имале милионски загуби.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------