Македонскиот Хип Хоп артист Слаткаристика од неодамна стана почесен 18-
ти член на Здружениото за канабис и зелени политики „Билка“.
По тој повод викендов во Универзална Сала го промовираше новиот спот и новата песна “Амстердам“.
На прес конференцијата Слаткаристика изјави дека дека треба да сме лидери во нашиот регион и дека само со легализација и декриминализација на канабисот ќе ја донесеме “Европа“ дома.
Слаткаристика се потпишува како автор на музиката и текстот, аранжманот го
потпишува продуцентот Иван Јованов – Iwayo а видео спотот беше изработен
од Мелем продукција. Со режисерската палга диригираше Огнен
Шапковски.
Видео записот за најновата песна на Слаткаристика е снимен на повеќе
урбани локации во Амстердам, вклучително и улицата на црвените фенери.