Home INFO Следниот месец Цеца Ражнатовиќ со голем концерт во Кавадарци

Следниот месец Цеца Ражнатовиќ со голем концерт во Кавадарци

реклама:

Големата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ќе биде главната музичка атракција за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2018“ во Кавадарци.

Гроздоберот ќе започне на седми септември, а ќе заврши на деветти ( недела) со голем концерт на Цеца.

Покрај неа, настапи ќе имаат и „SAF Sound system“ (DJ Гоце & Пикисипи) и DJ George, и Слаткар и Криско, на првиот ден од настанот, на седми. На осми пак, посетителите ќе ги забуваат фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, „Љубојна“, „Некст тајм“, Џамбо и оркестарот „Агушеви“, и DJ SANDY RIVERA и DJ Mossel. На деветти ќе настапат „Happy end“ бенд, а по нив во 22 часот ќе започне концертот на Цеца.

Покрај музичката програма, предвидени се и многу други настани, како дегустација на вино, трка на келнери, уметнички работилници, карневалско дефиле, таблијада, изложба на олдтајмери и друго.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------