Home INFO Снег во најава! Викендов следува голема промена на времето кај нас

Снег во најава! Викендов следува голема промена на времето кај нас

Image by Hans Braxmeier from Pixabay
реклама:G Natural

Според метеоролозите, за време на викендот кој доаѓа следува голема промена на времето кај нас.

Студениот бран кој се движи кон нашите краишта и тоа од северните предели на Европскиот Континент ќе услови формирање на снежен циклон над Италија и Балканскиот полуостров.

Во сабота на 26 декември ќе имаме интензивни врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините, каде ќе дојде до формирање на бела покривка.

Ќе започне да дува северен ветер и температурите нагло ќе опаѓаат, особено кон крајот на денот, како и во текот на ноќта кон недела.

Во сабота навечер, како и во текот на ноќта кон недела но и во недела претпладне врнежи од снег и формирање на снежна покривка ќе има во поголем дел од државава.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“