Иако од неговата смрт пројде цела деценија, песните на нашиот Тоше Проески продолжија да живеат, а многумина и денес го вбројуваат на врвот на листата на најдобрите пејачи на овие простори.
Во премиерата на “Ѕвездите на Гранд”, откако Јелена Карлеуша го искоментирала талентот на Тоше и констатирала дека е штета што не успеал да сними дует со најдобриот женски вокал, односно Марија Шерифовиќ, таа се надоврзала и открила нешто што доесга не беше познато во јавноста.
“Немавме време на овој свет и во овој живот да снимиме дует, а почнавме да се договараме околу тоа. Тој е единствената личност со кого сакав да снимам дует” – ги открила Марија плановите кои ги имала со сега покојниот Тоше.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------