Home INFO Со мини конзола компанијата „SEGA“ прослави 60 години постоење

Со мини конзола компанијата „SEGA“ прослави 60 години постоење

реклама:Велигден со Стаф

Компанијата „SEGA“ прослави 60 години од постоењето а воедно и 30 години откако на пазарот ја лансираше првата и единствена преносна конзола со нова мини конзола.

Уредот го носи името „Game Gear Micro“, навистина е со минимални димензии и е претставена во 4 различни верзии. Секоја верзија од конзолите е иста, само се разликува по бојата и игрите. Секоја боја (жолта, црвена, црна и сина) носи 4 различни игри, вкупно 16 доколку сакате да ги купите сите примероци.

Тука се наоѓаат наслови како што се „Sonic and Tails“, „Outrun“, „Nazo Puyo“, „Sylvan Tail“ и други слични игри. Нив ќе можете да ги играте на екран од само еден инч, што е многу мал екран за денешните стандарди.

Напојувањето од 2 ААА батерии ќе ви донесе околу 3 часа играње а цената на уредот е околу 50 долари.

Конзолата „Game Gear Micro“ ќе биде достапна само на територија на Јапонија, каде ќе се појави 6 октомври а се уште нема информации дали овој уред би можел да се појави на другите пазари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------