Home INFO Вељко Ражнатовиќ приведен поради инцидент во родното место на сопругата

Вељко Ражнатовиќ приведен поради инцидент во родното место на сопругата

реклама:Велигден со Стаф

Српските медиуми пренесуваат дека вчера се случича тепачка во Титл, родното место на сопругата на Вељко Ражнатовиќ.

Поради овој инцидент новиот татко Вељко очигледно за време на прославата за неговиот син бил повикан во полициската станица.

Вчера, околу 16.20 часот во Тител, на улицата „Лазе Костиќ“, по кратка дискусија и кавга, дошло до физички судир помеѓу Вељко Ражнатовиќ и К.С. (36).

На расправијата, а потоа и на инцидентот, претходела дискусија помеѓу група млади луѓе и Ражњатовиќ. Имено, четворица млади во видливо алкохолизирана состојба дошле пред куќата на Родиќ во Тител. Ражнатовиќ бил во дворот на куќата, кога младите почнале да го опкружуваат и да дофрлаат работи кон него, а еден од нив почнал да му влегува во лице.

Вељко се обидел да го спречи инцидентот, ги замолил луѓето да не прават проблеми затоа што во неговата куќа имало бебе, меѓутоа, после тоа дошло до тепачка, поради што Ражнатовиќ завршил во полициската станица.

По инцидентот, К.С бил пренесен во Клиничкиот центар во Војводина.

Сите сведоци на овој инцидент биле во полициската станица во Тител, а полицијата ги испрашувала за да утврди што точно се случило.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------