Home INFO Со нова фризура и спектуларно дочекана Цеца Ражнатовиќ ја прими втората доза...

Со нова фризура и спектуларно дочекана Цеца Ражнатовиќ ја прими втората доза (ВИДЕО)

реклама:ХитКујна канал

Исто како и првиот пат во центарот за вакцинација во Белград, фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ предизвика големо внимание околу себе од случајно присутните но и медиумите каде што се појави да ја прими втората доза на руската вакцина.

Видно расположена со нова фризура Цеца ги поздрави присутните и за медиумите изјави:

-Секој совесен граѓанин треба да се вакцинира за да се заштитиме себеси, своето семејство и луѓето кои не опкружуваат. Како што е познато јас ја прележав короната и имав одредена количина на антитела, па по совет на лекар се вакцинирав. Мораме да сфатиме, здравствените работници вложуваат огромни напори да се грижат за нашите граѓани и никогаш не смееме да го заборавиме тоа. Мислам дека луѓето треба да се вакцинираат и дека тоа е нивна обврска. Сакам да се вратиме во живот, да одржуваме концерти, да се радуваме и да се гушкаме! Ајде сите да се обидеме тоа да се случи што е можно побрзо – изјави Цеца.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“