Home INFO Спорот заврши, дружбата продолжи: Џони Деп и неговата адвокатка повторно заедно (видео)

Спорот заврши, дружбата продолжи: Џони Деп и неговата адвокатка повторно заедно (видео)

реклама:hotel PREMIER

Холивудскиот заводник Џони Деп бил во љубовни врски со најубавите жени во светот, меѓу кои и Кејт Мос, Венеса Паради, Џенифер Греј. Но со ниту една од нив актерот не пронашол вистинска љубов.

Изминатиов период актерот беше во центарот на вниманието на сите светски медиуми поради неговата судска борба со бившата сопруга Амбер Херд, која ја тужеше за клевета вредна 50 милиони долари.

Деп го доби спорот.

И додека приватен план му се случуваше вистинска драма, во јавноста почна се шушка дека Деп има нова девојка.

Наводно, тој е во врска со неговата адвокатка Камила Васкез.

За време на судскиот процес против бившата сопруга, Деп и Камила биле постојано во контакт, а се приметуваше и одредена доза на блискост помеѓу нив.

Поради оваа почнаа да се шират и гласините дека актерот е во тајна љубовна врска со својата адвокатка.

Сепаак некои медиуми објавија дека убавата адвокатка неколку месеци е во врска со британски агент за недвижнини, па останува времето да покаже дали шпекулациите за романсата со Деп се точни.

По завршување на спорот, Васкез беше пофалена за нејзината заложба во судот, и доби огромна популарност во јавноста.

Спорот заврши, но очигледно дружбата со Џони продолжила, па на социјалните мрежи се појави видео каде двајцата се забележани заедно , по завршување на концерт во Прага.

На Камила и се придружиле и другите членови од правниот тим кој бил ангажиран за спорот на Џони Деп.

@johnnydeppfam Camille and all the team were here to support (again) Johnny during his concert and I think it’s just amazing 😍❤️ #justiceforjohnnydepp #johnnydepp #concert #fans #relatives #camillevasquez #trialteam #foryoupage ♬ Cool Kids (Sped-Up Version) – Echosmith

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------