Хрватскиот пејач Петар Грашо стана татко!
Хана, неговата сопруга, ќерка на музичарот Тончи Хулиќ, на свет донесе девојче, кое според хрватските медиуми ќе се вика Алба.
Грашо и Хана неодамна стапија во брак, а врската ја обелоденија откако пејачот ја раскина 24 годишната љубов со Данијела Мартиновиќ.