Home INFO Старинска “Пропеќ пита” по рецептот на пејачката Татјана Лазаревска

Старинска “Пропеќ пита” по рецептот на пејачката Татјана Лазаревска

реклама:ХитКујна канал

Познатата пејачка Татјана Лазаревска веќе подолго време со своето семејство живее во Австралија.

Но остана верна на традицијата, па на нејзината семејна трпеза честопати се наоѓаат специјалитети од нашиот регион.

За сите читатели на Хит кујна, Татјана го сподели рецептот од својата баба Јелка за питата наречена Пропеќ.

За тестото потребно е брашно, по потреба малку сол, едно пециво, малку зејтин и млака вода.

Се замесува се заедно, тестото не треба да е многу тврдо.

Од тестото се прават мали топчиња и секое топче се сука во мал круг и се премачкува со зејтин.

Се прават две кори. Првата кора е со 4 сукани топчиња, едно врз друго и зејтин помеѓу нив и се сукаат во голема кора.

Кората се става во тепсија и потребно е да излегува од неа.

Другите три топчиња се сукуваат на истиот начин и се прави една кора за одозгора.

Зајрето се подготвува со јајца и сирење измешани заедно и се ставаат врз долната кора а се поклопуваат со горната кора.

Се пече на појака температура.

Новица ужива во специјалитетите на неговата сопруга

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“