Home INFO Сте помислиле ли што ќе се случи ако луѓето исчезнат од Земјата?

Сте помислиле ли што ќе се случи ако луѓето исчезнат од Земјата?

реклама:Велигден со Стаф

Замислете како би изгледал светот без луѓето. Без разлика на причината за исчезнување, светот би претрпел многу промени кога еден ден, одеднаш, би останал без луѓе.

Оставен сам на себе светот би функционирал малку поинаку без луѓе. За почеток, ќе почне да се уништува, нешто порано нешто подоцна, сето она што го направиле и изградиле луѓето. Врз база на научни факти и превидувања, во краткото видео на National Geographic се објаснува што би се случувало со светот доколку исчезнат луѓето од него.

За неколку дена подземните метро станици ќе бидат поплавени и повеќе нема да бидат во функција. Меѓу првите нешта што ќе откажат ќе биде струјата која што не е доаѓа од хидроцентралите. За десетина дена милениците и другите животни што се чуваат затворени ќе почнат да умираат од глад.

Некој подоцна водата што ги лади нуклеарните станици ќе испари, што ќе предизвика загревање и експлозии на овие места. Земјата ќе биде озрачена, а со неа и животните и растенија.

За околу една година, ќе почнаат да паѓаат разни предмети од вселената на Земјата – остатоци од човечката вселенска работа. По 25 години, три четвртини ќе бидат прекриени со различна вегетација, што ќе ги привлече преживеаните животни да дојдат во градовите.

Погледнете го видеото за да дознаете подетално што ќе се случи со Земјата ако луѓето исчезнат од неа:

А доколку сте заинтересирани подетално и поопширно на темата, топло ви го препорачуваме документарниот серијал на History Channel, „Life After People“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------