Home INFO Стив Џобс не им дозволувал на своите деца да користат Ајпад

Стив Џобс не им дозволувал на своите деца да користат Ајпад

реклама:G Natural

Пред десетина години Стив Џобс го промовираше дотогаш непознатиот уред Ајпад, кој го опиша како „неверојатна направа што ќе служи како алатка за едукација, сурфање на интерент, гледање на видеа и комуникација со други лица“.

„Тоа што го нуди овој уред е неверојатно. Тој нуди досега најдобро искуство за користење на интернетот. Феноменално е да се види цела страница на екран чувствителен на допир. Ова е многу подобро од лаптоп и од паметен телефон.“, изјави тогаш Џобс.

Меѓутоа, две години подоцна кога го прашаа дали неговите деца уживаат во Ајпадот, Џобс ги изненади сите со одговорот дека тој не им дозволува да го користат уредот.

Стив Џобс

Тој објасни дека со сопругата се решиле на ваков чекор, затоа што заклучиле дека Ајпадот создава зависност и ја брише потребата од напушање на домот и директен разговор со други луѓе.

Новинарот Бик Билтон тврди дека Џобс на своите деца им го ограничувал и времето минато на интерент, додавајќи дека ги терал поголем дел од денот да минуваат во дружење и учење

Стив Џобс

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“