Home INFO Страшна трагедија: Алек Болдвин уби жена на филмски сет (видео)

Страшна трагедија: Алек Болдвин уби жена на филмски сет (видео)

реклама:G Natural

Шеесет и осум годишниот актер Алек Болдвин предизвика инцидент кој однесе една човечка жртва, а едно лице е потешко рането.

Немилиот настан се случил за време на снимањето на независниот игран филм „Раст“, кога продуцентот и актер Алек Болдвин испукал куршум од реквизит, и ги застрелал директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48), соопшти полицијата.

„Канцеларијата на шерифот потврдува дека две лица биле застрелани за време на снимањето на филмот „Рѓа“. Директорката на фотографијата Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) беа застрелани кога продуцентот и актер Алек Болдвин (68) испука куршум од реквизит“, се вели во соопштението.

„Според истражителите, веројатно снимањето на сцената содржело употреба на реквизит-огнено оружје кога било пукано“, се вели во соопштението. „Детективите истражуваат како и кој вид проектил бил испукан.“

Хачинс била пренесена со хеликоптер во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била констатирана смрт, додека Соуза со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во регионалниот медицински центар, пренесува Си-ен-ен.

Портпаролот на Болдвин изјави имало несреќа на снимањето, во која дошло до грешка при пукање од пиштол со ќор-фишеци.

Според медиумите, Болдвин бил виден во четвртокот пред канцеларијата на шерифот во солзи, но обидите да добијат коментар од него биле неуспешни.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------