Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Супериорната технологија на Путин: Невозможно е да се прислушкува

Супериорната технологија на Путин: Невозможно е да се прислушкува

реклама:hotel PREMIER

Познато е дека рускиот претседател Владимир Путин не користи смартфон и месинџер и ретко кога „излегува“ на интернет.

Поради тоа јавноста уште пред неколку години се запраша како тој воопшто знае што е, на пример, Јутјуб.

Кон крајот на 2015 година јавно рекол дека на некој начин користи интернет.

Кога во 2017 година Викиликс прв пат објави обемна количина на податоци поврзани со сајбер шпионажата која протече од ЦИА, таму се најдоа пет скриени виртуелни точки за шпионирање под кодирано име „PocketPutin“. Хипотетички со помош на тие точки би можело да се следат уреди кои ги користи рускиот претседател, на пример компјутер или мобилен телефон, само доколку имало такви уреди.

Кремљ тогаш даде многу краток коментар: „Тоа е вредно внимание“, и додаваат дека Вашингтон не го криел прислушкувањето на руските функционери, така да Викиликс не морал толку да се труди. Другите ги прислушкувале, но Путин не можеле. За да странските разузнавачки служби стигнад до Путин, би морале, да бидат многу близу до него.

– Користењето на смартфон е некој вид доброволен егзибиционизам. Тоа е целосна транспарентност. Откако го земате смартфонот во рака, вие без никаква сомнеж штиклирате потврда дека сте подготвени своите податоци да ги изнесете на увид во јавноста, рекол еднаш потпаролот на Руската Федерација Димитриј Песков.

Според тоа, претседателот не може да користи смартфон. Со прашања на оваа тема новинарите со години го мачат портпаролот на Путин, но одговорот секогаш е ист.

Путин по тоа прашање се изјаснува поедноставно: „Кога би имал мобилен, тој никогаш не би престанал да ѕвони. Покрај тоа, и кога дома ќе ѕвони телефонот, никогаш не ја кревам слушалката“. Тоа го рекол уште во 2005 година, на почетокот на вториот претседателски мандат и од тогаш ништо не се сменило. Освен можеби што сега е потешко да се воспостави телефонски контакт со него.

Постои правило во кое нема исклучок: за важни теми Путин како шеф на државата разговара само на заштитена телефонска линија (оној старомоден жолт телефон кој му стои на масата).

Неговата заштита е невозможно да се пробие, затоа што гласот се кодира во дигитален сигнал со помош на сложен криптографски алгоритам. Потребно е година и половина да се дешифрира алгоритамот, а и бесмислено е, затоа што за време на разговорот алгоритамот повеќе пати во различни временски интервали се менува по принцип на случаен избор. Тој систем го направиле руските експерти за безбедност.

Затоа разузнавачките служби можеле да ја прислушкуваат Ангела Меркел и нејзините уреди со америкснки делови и софтвери, а Путин не можеле.

Но, дури и тоа што е „невозможно“ и „бесмислено“ не било доволно за експертите за комуникација на Кремљ. Тие се задоволни само ако прислушкувањето е невозможно по законите на физиката. Затоа во 2015 година развиле заштитени линии на квантна врска и за други проекти со квантна технологија од буџетот биле издвоени околу 3,5 милиони долари. Таа технологија е веќе готова. Во таков систем податоците се пренесуваат со помош на фотон, и за да се препознаат потребно е да се промени нивната состојба, а тоа не е можно да се направи незабележливо – таква е природата.

Сигурно се сеќавате на познатата фотографија на која Доналд Трамп во белата куќа разговара со Путин, а околу него има многу помошници и советници? Во Кремљ ништо слично не се случувало.

На телефонскиот разговор на Путин понекогаш присуствува само помошникот за меѓународни прашања и многу ретко ресорен министер, ако на пример се работи за нафта и гас. Покрај тоа, некаде во Министерството за надворешни работи седи професионален преведувач кој е приклучен на истата линија и никој повеќе.

Предлогот да се обави телефонски разговор најпрвин се испража преку дипломатски канал на Министерството за надворешни работи или низ администрацијата на рускиот претседател. Директно на Путин може да му телефонираат само неколкумина, како што е пример министерот за одбрана. Тоа се луѓе во чиј кабинет има ист таков жолт телефон за специјална линија. Но, во тој случај напрвин се јавува секретар или аѓутант.

Од друга страна, Путин може да телефонира од каде и да посака – авион, автомоил, подморница или од омилените шуми во Република Тува. Често во посети на други држави со авионот на Путин лета уште еден авион за специјална врска.

Најпознатите руски „телефонски хулигани“ Вован и Лексус (тоа им се прекари) успеале да измамат многу други земји и познати личности така што им телефонирале и лажно се претставиле.

Го измамиле турскиот претседател Ердоган, украинскиот Петар Порошенко, Елтон Џон…

Велат дека засега немаат повод за таков телефонски трик со Путин, но и двајцата се добро познати на руската администрација. Познати му се и на Путин. Иако, тие се искрено убедени дека постои одредена шема која можеби ќе успее.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------