Балканските медиуми продолжуваат да објавуваат детали за крајот на бракот на Северина и почетокот на нова љубовна романса со бизнисменот Томислав Воштиниќ.
Нивната романса траела уште од летово кога Севе замина во Хрватска по расправијата со Игор и таму остана цело лето со своите пријатели.
Свекорот Кеба прв дознал за романсата од пријател во Хрватска и го предупредил својот син Игор дека Северина го изневерува па тоа било причината за големата расправија и пребегнување на пејачката.
Очигледно дека ова ќе биде крај на уште еден брак на Северина…