Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive „Таа е ужасен работодавец!“ Актерката од „Сексот и градот“ доби тужба од...

„Таа е ужасен работодавец!“ Актерката од „Сексот и градот“ доби тужба од вработена во нејзината фирма

реклама:Велигден со Стаф

Познатата актерка од „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер,добила тужба од Хедер Холт поранешна вработена во нејзината компанија.

Холт тврди дека нејзината поранешна шефица и нејзиниот деловен партнер Џорџ Мелкемус, не ѝ исплатиле прекувремени часови од 31 декември 2018 година, па се до 1 март 2020 година.

„На тужителот не му се адекватно искомпензирани прекувремените часови кои ги има изработено над оние 40 часа во работната недела“, пишува во тужбата каде не е спомнато за колкав паричен износ станува збор.

Хедер Холт од Сара бара дополнителна плата, како и камати и парична казна.

„Сите во Њујорк заслужуваат да бидат платени за времето кое го изработиле. Кршењето на законот за плата е сериозно и секој работодавец кој ќе го прекрши истото треба да биде одговорен, дури и познатите личности како неа“, изјавил адвокатот на Хедер.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------