Home INFO Тензија кај Британците, направени се огромни трошоци за обезбедувањето на Меган и...

Тензија кај Британците, направени се огромни трошоци за обезбедувањето на Меган и Хари

реклама:

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се селат на нова адреса во Канада, а таму ќе имаат минимум шест телохранители, објавуваат британските медиуми.

Овезбедувањето ќе го плаќаат бритснаките даночни обврзници, а сумата за секој изнесува околу 100 000 фунти на годишно ниво, пбјавува магазинот Сан.

Експертите заСан наведуваат дека секој член на обезбедувањето има годишна плата од 60 000 фунти, но износот се зголемува на 100 000 кога ќе се додадат надоместот за престој, патни трошоци и пензиски фонд.

Принцот Хари во вторникот пристигнал во Канада во придружба на британски офицер, а неговата сопруга го пречекала во заедно со двајца телохранители.

Во тек се последните подготовки на парот за нов живот без кралски обврски и титули.

Сепак, ангажирањето на скап тим за обезбедување покажува дека парот не е подготвен во целост да се откаже од луксузот и благодетите кои следуваат со кралската титула.

Од Бакингамската палата сеуште не ги коментираат тензиите кои настанале поради големите трошоци за обезбедувањето на Хари и Меган, пишуваат британските медиуми.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------