Home ЗАБАВА Tепачка на Тибет за селфи со поглед на Монт Еверест

Tепачка на Тибет за селфи со поглед на Монт Еверест

реклама:G Natural

Во Тибет се снимени две двојки како се караат и се тепаат за „подобро место“ за слика со поглед на Монт Еверест. Видеоснимката е хит на интернет-просторот.

Тепачката се случила минатата седмица, откако туристичкиот водич побарал од групата да позира заедно до споменикот на Еверест.

Во тој миг избувнал судир меѓу двајца мажи и две жени од Кина за кој каде ќе застане, па вербалната расправија прераснала во тепачка, пренесува „Њујорк пост“.

На видеото се гледа како мажите се тепаат на земјата, една од жените се обидува да си го извлече мажот, а другата се вклучува во тепачката и го удира другиот маж.

На местото на настанот пристигнала граничната полиција која ја прекинала тепачката. Не се знае дали некој од учесниците е повреден. Сите засегнати се приведени во полиција.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------