Home INFO Тимот на „Медена земја“ на дружба со холивудските ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ на дружба со холивудските ѕвезди

реклама:Велигден со Стаф

Тимот на документарниот филм „Медена земја“ присуствуваше на церемонијалната вечера одржана во „Долби“ театарот во Лос Анџелес, на која присуствуваа сите номинирани за овогодинешните најпрестижни филмски награди „Оскари“.

„Медените“ беа во друштво на познатите холивудски ѕвезди номинирани за Оскар, меѓу кои Роберт Де Ниро, Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Квентин Тарантино.

– Оскаровските дружења започнаа. Им посакувам на сите да уживаат во овие извонредни денови кои следат – напишаа на Фејсбук Љубомир Стефанов и Тамара Котевска.

„Медена земја“ влезе во изборот за номинација за „Оскар“ во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Доделувањето ќе се одржи на 10 февруари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------