Познатата пејачка се појави на ново снимање во студиото на Гранд максимално скоцкана.
Јелена Карлеуша го привлече вниманието на новинарите и останатите присутни со елегантната но и провокативна комбинација која ја истакнуваше нејзината витка фигура и атрибутите.
Како и секогаш, во прв план беше нејзиното деколте.
Необичното сако кое дивата го имаше на себе чини 440 евра, а панталоните 125 евра. Јелена носеше сандали кои чинат 125 евра, а појасот, модниот додаток за кој платила 445 евра даде дополнителен гламур на нејзината модна комбинација.
Се има па се може! Како ви се допаѓа нејзината нова модна комбинација?