Home INFO „TruthGPT“ нова вештачка интелегенција на Илон Маск

„TruthGPT“ нова вештачка интелегенција на Илон Маск

реклама:Лето во Банско

Американскиот милијардер и иноватор Илон Маск не остана покус на новиот дигитален тренд и најави дека и тој ќе лансира вештачка интелигенција која ја нарече „TruthGPT“.

-„Ќе започнам нешто што го нарекувам „TruthGPT“, вештачка интелигенција која ја бара вистината и се обидува да ја разбере природата на универзумот“, рече Маск во интервју за Fox News.

Тој верува дека ова би можело да биде најдобриот пат до безбедноста, „во смисла дека постои вештачка интелигенција која се грижи за разбирање на универзумот и нема да го уништи човештвото, бидејќи луѓето се интересен дел од тој универзум“.

Планот на Маск, како што објави Ројтерс, е очигледен предизвик за „ChatGPT“, популарен чет-бот од OpenAI.

Засега OpenAI ја има најсовремената форма на вештачка интелигенција, со која може да имате текстуален разговор и која може да даде одговори на бројни прашања, да напише песна, да исправи грешка во програмата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------