Вељко Ражњатовиќ, синот на Цеца Ражњатовиќ и Жељко Ражњатовиќ Аркан, се пофали со новата тетоважа и ја разбранува српската јавност.
Тој на десната надлактица, веднаш над грбот на “Тигрите”, го истетовирал ликот на Гаврило Принцип како пука со пиштол.
Со оглед на коментарите, овој потег им се допаднал на неговите фанови.
Србите Гаврило Принцип го сметаат за борец за слободата на сите јужни Словени од империјалистичката окупација. Тој во Сараево, извршил атентат врз австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд, што било повод за почеток на Првата Светска Војна еден месец подоцна.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------