Home INFO Цеца е бесна и разочарана: Нема повеќе да молчам!

Цеца е бесна и разочарана: Нема повеќе да молчам!

реклама:Велигден со Стаф

Неодамна, непознати напаѓачи се обидоа насилно со автомобили да ја срушат влезната капија од куќата на Цеца Ражњатовиќ.

Неколку дена по инцидентот, иако камерите поставени околу нејзиниот имот снимиле се, вандалите сеуште не се приведени.

Пејачката со денови е под стрес и целото нејзино семејство е видно вознемирено, особено поради фактот што во моментот на инцидентот внуците на Цеца престојувале во соба од куќата која се потпира токму на столбовите во кои удирале автомобилите.

Цеца е бесна, но и дополнително вознемирена бидејќи ова не е првпат нејзиното семејство да е мета напад кој прошол без никој да одговара.

“Го чекам исходот. Нема да се смирам додека не им се застане на патот на вандалите! Секојпат седевме дома и молчевме. Доста е веќе! ” – вознемирено изјавила Цеца.

За потсетување, ова не е прв инцидент.

Во 2014 година, во раните утрински часови пред нивната семејна куќа, триесетина хулигани ги нападнале Цеца, Вељко и нејзината сестра Лидија.

Вељко влегувал на паркингот кога го пречекале група од хулигани кои го удирале и скандирале: Цецо, роди мајмун кој навива за Партизан!

Кога слушнале, пејачката и сестра и веднаш излегле на улица и буквално улетале во топлата пијани хулигани. Вељко тогаш имал само 17 години.

“Кога мојот син се бранеше од нападот пред сопствената куќа, од полицијата доби кривична пријава. Дали ова има смисла? Ова може да се дозволи само во Србија!” – реагирала тогаш.

Во овој инцидент изреагирало и обезбедувањето на Цеца, но сепак дошло до тепачка која траела неколку минути и во која бил повреден пријател на Вељко.

Вториот пат, наоружени напаѓачи со пиштоли удирале во истата врата во која сега удирале автомобилите, во обид да ја срушат.

И во овој случај никој не бил приведен.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------