Home INFO Утро после слава: Како да го победите мамурлакот?

Утро после слава: Како да го победите мамурлакот?

реклама:Велигден со Стаф

Уште една слава е зад вас, а вие можеби испивте некоја чашка повеќе, па се поставува прашањето како да се изборите со мамурлакот?

Сите сме го искусиле ова – собата ни се врти, мачно ни е, а главата ужасно боли.

Да, тоа е мамурлак.

Но, за среќа, мамурлакот може да се победи.

Немојте да пиете на празен стомак

Полниот стомак ја успорува апсорпцијата на алкохол. Добрите намирници кои треба да се изедат се оние кои лесно се варат. Тост, тестенини и јогурт се намирниците кои го штитат слојот со кој е обложен желудникот. Никако не јадете намирници кои се преработени или богати со шеќер.

Пијте додатоци кон редовната исхрана

Антиоксидансите посебно се добри за отстранување на штетата предизвикана од алкохол и за заштита на вашиот црн дроб. Тие исто така им помагаат на мозочните ќелии да не бидат уништени од прекумерната количина на алкохол. Се наоѓаат во зелениот лиснат зеленчук и овошјето. Потрудете се да внесувате и голема количина на витамини А, Ц и Е во оние денови кои претходат на ноќните излегувања, затоа што тие го разградуваат алкохолот во организмот.

Пијте многу вода

Пред да си легнете, испијте барем половина литар вода за да спречите дехидрација. Тоа исто така ќе му помогне на вашиот организам да се ослободи од токсинот ацеталдехил кој се ослободува во црниот дроб за време на разградување на алкохолот. Водата и овошниот сок утрото после тешка ноќ ќе придонесе да го урамнотежите нивото на шеќер во крвта и да ја вратите течноста.

Изедете нешто здраво утрото после бурната ноќ

Иако ви се јаде калорична храна, вашата цел сепак треба да биде стабилизација на нивото на шеќер во крвта, затоа треба да јадете мали порции, но често. Размислете за овошен сок, тост и мед, овесна кажа или житарици.

Испијте некој лек

Аналгетиците испиени со храна можат да ви помогнат околу главоболката, но немојте никако да ги пиете пред спиење, затоа што во тој момент нивото на алкохол во крвта е превисоко. Ако ги земате без храна, ќе ја изиритирате слузокожата на желудникот. Се покажа дека артичоките помагаат во заштитата на црниот дроб од оштетувања предизвикани од алкохол и ублажување на мамурлакот, затоа што го забрзуваат разградувањето на алкохолот во организмот.

Дајте си време да го пребродите

Најдобриот лек на светот е одмарање, но би требало да избегнувате алкохол во следните неколку денови. Хранете се здраво и навечер спијте доволно, па утрото после ќе се чуствувате добро.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------