Home INFO Вака Никола Тесла го тренирал својот мозок

Вака Никола Тесла го тренирал својот мозок

реклама:Лето во Банско

Никола Тесла е еден од најбрилијантните личности во светската историја.

Доколку ве интересира на каков начин овој генијалец го тренирал својот мозок, ви ги пренесуваме неговите три брилијантни техники:

1. Размислете добро пред нешто да направите

„Мојот метод е различен. Јас не брзам со конкретната работа. Кога ќе добијам идеја јас веднаш започнувам со градење на мојата фантазија.Ја менувам конструкцијата, работам на поправки и управување со машината токму во мојата глава. Сосема неважно е за мене дали ја тестирам машината во главата или во работилницата затоа што веднаш забележувам дури и ако не работам добро. Разлики не постојат, а резултатот е ист.“

2. Одете на прошетка

Во 1881 година Тесла се преселил во Будимпешта, опоравувајќи се од нервниот слом. Додека шетал низ паркот со некој пријател рецитирајќи поезија, одеднаш му дошла идејата за наизменична струја.

3. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот

Никола Тесла сметал дека само кога сте сами се раѓаат идеи.

„Умот е поостар и поконцентриран во изолација и осаменост. За размислување не е неопходна било каква голема лабораторија. Оригиналноста доаѓа од самотијата ослободена од влијанието кое му штети на креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот, бидете сами бидејќи така идеите се раѓаат.“

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------