Откако случајно или не се најде меѓу престрелка и беше повикан на распит во полиција босанскиот рапер Буба Корели реши преку текст кој го објави на Инстаграм да и се обрати на јавноста и на фановите.
Ова е неговата порака која што ја напиша раперот:
„Во врска со одредени написи во медиумите, чувствувам потреба да се огласам. Точно е дека пред неколку години ја направив најголемата грешка во мојот живот, но со помош на музиката и добрите луѓе со кои сум опкружен, ги запознав вистинските вредности.
Ако некогаш сум навредил некого со своите постапки, се извинувам. Мојот имиџ како музичар и јавна личност не е секогаш огледало на мојата вистинска личност. Колку и да се трудам, свесен сум дека не сум секогаш најдобриот пример и свесен сум за своите маани и грешки.
Јас не сум тип кој често се рекламира во јавноста, но длабоко сум навреден од невистините и во оваа прилика сакам јасно да демантирам каква било поврзаност со какви било групи или организации.
Ваквите работи длабоко ме вознемирија мене, моето семејство, моите пријатели и соработници. Мојата единствена професија и најголема љубов е музиката и така и ќе остане.
Ви благодарам на сите за разбирањето, поддршката и љубовта“, напиша раперот.
БОНУС ВИДЕО:
Урнебес! Колку ли бакшиш ќе собере Дара Бубамара во своите гради