Home ♡ за деца Ве молам не ширете дезинформации! Се огласи мајката на исчезнатата Вања Ѓорчевска

Ве молам не ширете дезинформации! Се огласи мајката на исчезнатата Вања Ѓорчевска

реклама:Лето во Банско

Надлежните служби се во интензивна потрага по 14-годишната Вања Ѓорчевска, која ја нема повеќе од 24 часа.

Таа вчера наутро во 7.20 часот како што објави нејзината мајка излегла за на училиште и од тогаш ја нема.

Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Потрагата продолжува и денеска.

Вања била облечена во црни панталони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „Најк“ патики со кафена лента на ѓонот.

Полицијата апелира да не се шират дезинформации. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво.

Истото го апелираше и мајката на Вања, која на Фејсбук се заблагодари на Министерството за внатрешни работи за нивната посветеност во потрагата но и замоли да не се шират дезинформации кои воопшто не се од помош во истрагата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------