Home INFO Вечерва да ја поддржиме Андреа на Евровизија, од следната година можеби ќе...

Вечерва да ја поддржиме Андреа на Евровизија, од следната година можеби ќе немаме наш претставник

реклама:G Natural

Вечерва во Торино, Италија се одржува втората полуфинална вечер каде меѓудругите, ќе настапи и македонската претставничка Андреа Коевска.

Таа ќе ја изведе песната “Circles”, а настапува под реден број 11.

Со среќа Андреа!

За потсетување, Андреа предизвика бурни реакции во јавноста откако за време на фотосесија го фрли македонското знамеце, со што предизвика бурни реакции кај нас.

Македонската радио телевизија ја осуди нејзината постапка, но и ја разгледуваше можноста за повлекување на пејачката од евровизиската сцена.

Сепак, младата Андреа ќе го има својот настап, а националниот сервис најави дека поради негативните реакции за учеството на Македонија на Евровизија, ќе ја преиспита одлуката за учество во следната година.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------