Home INFO Вежбањето на отворено е подобро за менталното здравје!

Вежбањето на отворено е подобро за менталното здравје!

реклама:ХитКујна канал

Психолозите веруваат дека вежбањето надвор не опушта поради смирувачкиот ефект на природата.

Престојот во природа, меѓу зеленило, има одличен ефект врз расположението и менталното здравје.

За целите на студијата, 140 учесници пред и по вежбањето одговарале прашалници за нивното расположение, нивото на стрес и чувството на вознемиреност.

Волонтерите морале да вежбаат редовно, во затворен простор (аеробик, аеробик во вода, кошарка, пливање, одбојка) или на отворено (трчање, фудбал, пешачење, планинарење).

Фудбалот се играл на терен ограден со згради од една страна, додека од друга страна шума и реки, а трчањето и велосипедизмот биле во природа, каде што речиси и да нема урбана средина.

Секој тренинг го подобрил расположението, го намалил стресот и вознемиреноста, што е уште еден доказ дека вежбањето исто така добро делува на менталната состојба.

Но, вежбањето во природа има уште подобар ефект затоа што повеќе смирува и го намалува стресот.

Од тренингот во затворено, пливањето имало најдобар ефект врз расположението и стресот,односно ги намалило за 11 проценти (во споредба со 13 проценти што се намалиле со вежбањето на отворено).

Аеробното вежбање во затворено го намалило стресот за седум проценти, додека возењето велосипед во природа за дури 18 проценти!

Но, трчањето по природа излегува дека има најдобар ефект – го подобрило расположението за 27 проценти, го намалило стресот за 14% и вознемиреноста за 16%.

„Ова јасно покажува дека вежбањето на отворено, во природата, а особено трчањето во природа, има посилен позитивен ефект врз расположението и намалување на стресот отколку вежбањето во затворено“, велат научниците.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“
Loading...