И кога ќе се прочита насловот, сите очекуваме да видиме луксуз и гламур, особено што стануава збор за роденденска забава на партнерката на еден од најбогатите луѓе на планетата.
Лорен Санчез неодамна наполни 53 години, а нејзиниот сакан, Џеф Безос и организираше роденденска вечера на која беа присутни нејзини блиски пројатели, меѓу кои и Крис Џенер.
На својот Инстаграм профил Лорен објави видео од забавата, а им се заблагодари на Џеф и на нејзината пријателка која очигледно помогнала во организацијата.
Лорен и Безос ја започнаа својата врска додека тој беше во брак со Мекензи Скот, со која има четири деца.